а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отиде

отидат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Појде кај некого или некаде.
Англиски: go Албански: shkoj
Примери:
Отиде на прошетка.
Отиде на работа.
Децата отидоа дома на спиење.
Девојките отидоа на вода.
Сите отидоа на свадба.
2. Напушти некое место.
Англиски: leave Албански: shkoj, ikë
Примери:
Татко му отишол во Австралија на печалба.
Гостите си отидоа доцна.
3. Се оддаде на нешто, се посвети.
Англиски: go Албански: shkoj
Примери:
Син ми отиде партизан.
Отиде војник.
Оваа година двајца вработени отидоа во пензија.
4. се прошири
Англиски: expand Албански: shkoj, zgjëroj, ekspandoj
Примери:
Градот отиде премногу во ширина, зафаќајќи голем простор од предградието.
5. Потроши брзо, многу, изгуби сѐ.
Англиски: lose Албански: shkoj, humb
Примери:
Нивната куќа отиде на долгови.
Платата овој месец брзо ми отиде.
6. се изгуби, потоне
Англиски: sink Албански: shkoj, fundos
Примери:
Чамецот се наполни со вода и отиде под вода.
Торбата се навали, испадна од чамецот и отиде на дното од реката.
7. (си отиде) замине, отпатува
Англиски: go Албански: ikë, shkoj
Примери:
Си отиде (дома).
Изрази
Отиде на оној свет - почине, умре.
Отиде во ветер - исчезне, пропадне.
Отиде во крајност - претера со нешто.
Ми (ти...) отиде главата - закана, опасност.
Отиде по ѓаволите - се загуби, пропадне, се уништи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи