а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отежне

отежнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стане потежок од порано.
Англиски: heavy Албански: rëndoj
Примери:
Тутунот отежнал од влагата.
Детето отежнало од многу јадење и лежење.
2. Стане тром, тешко подвижен.
Англиски: immobilize Албански: i ngadalshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му отежна снагата од многу замор.
3. Направи тешкотии во извршувањето на некоја работа.
Англиски: impede Албански: pengoj, ndaloj
Примери:
Комшијата ни ја отежна изградбата на куќата со поднесување тужба.
Дождот и ветерот им го отежна движењето на луѓето.
Изведенки
1. отежнува несв.
отежнуваат
2. отежнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи