а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отапи

отапат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стане тап, неостар.
Англиски: blunt Албански: topit, i pamprehur
Примери:
Што е ова, отапеле сите ножеви во куќата.
2. Изгуби осетливост на надворешни влијанија, стане неосетлив; изгуби духовна свежина, умна способност.
Англиски: become insensitive Албански: topit, i pandjeshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му отапеа сетилата по сѐ што му се случи.
Како да отапе од седативот и од неправдите.
Во затворот со време тој отапе од едноличноста на денот.
Изведенки
1. отапува несв.
отапуваат
2. отапување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи