а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

осцилација

мн. осцилации
Вид збор: Именка, женски род
1. Периодично движење на двете страни, периодично менување на состојбата; треперење, нишање, клатење.
Англиски: oscillation Албански: oscilim, luhatje
Употреба: Физика
Примери:
Осцилација на гласните жици.
Осцилација на магнетно поле.
2. Непостојаност, подвижност, подем и паѓање.
Англиски: oscillation Албански: luhatje
Примери:
Во неговата поезија постојат тематски осцилации.
Развојни осцилации.
Изведенки
1. осцилациски прид.
осцилацискиот
2. осцилационен прид.
осцилациониот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи