а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

остри

острат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Шили врв на нешто, прави да биде остар.
Англиски: sharpen Албански: mpreh
Примери:
Ги остри моливите пред да почне да пишува.
2. Танчи, точи сечило.
Англиски: sharpen Албански: t'hollon, mpreh
Примери:
Берберот го остри бричот на каиш секое утро.
Колачот го остреше ножот.
3. (се остри) Се подготвува за некакво дејство - борба, јадење, поттикнува кај себе расположение за нешто.
Англиски: prepare Албански: pregatis
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Гостите се остреа за гозбата.
Изрази
Остри заби - се подготвува за борба.
Остри заби - се подготвува за добра гозба.
Изведенки
острење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи