а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

острина

(едн.) острината
Вид збор: Именка, женски род
1. Особина на тоа што е остро, што сече, реже и сл.
Англиски: sharpness Албански: mprehtësi
Примери:
Ја испроба острината на ножот.
Се изненади од острината на своите заби.
2. Особина на тоа што има остар врв, што изгледа остро.
Албански: mprehtë
Примери:
Ја помнеше острината на карпите.
3. Својство на тоа што е грубо, тврдо.
Англиски: coarse Албански: pa cilësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Острината на козината не ѝ даваше да заспие.
4. Својство и особина на тоа што се пројавува, што дејствува силно.
Англиски: intensity Албански: intensitet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Острината на неговиот глас ги изненади присутните.
Острината на болката го раскинуваше во градите.
Острина на мислата.
Поседуваше извонредна острина на слухот.
5. Својство на тоа што е многу силно изразено.
Англиски: visibility Албански: vizibilitet
Примери:
Острината на сликата на телевизорот се регулира со ова копче.
Ја ублажуваше острината на поразот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи