а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

остави

остават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, кладе, спушти нешто негде со цел таму да остане.
Англиски: put Албански:
Примери:
Библиотекарот ги остави книгите на масата.
2. Не земе нешто, не поведе некого со себе при одење, заминување некаде.
Англиски: leave Албански:
Примери:
Адвокатот ги оставил потребните документи во фиоката, а зел погрешни.
Таа ги остави алиштата да се досушат.
Родителите ја оставија ќерката кај баба ѝ речиси цел месец (да поседи).
Учителот ги остави децата во ходникот и сам влезе во салата за да го викне директорот.
Сменоводителот остави двајца работници на станица за да ги пренесат сандаците, а другите ги однесе во магацинот.
3. Даде, смести нешто или некого некаде.
Англиски: give Албански: lë, jap
Примери:
Патниците ги оставија куферите на железничката станица.
Благајникот ги остави парите во банката.
4. При јадење не изеде, не зеде, оддели нешто, зачува нешто за некого или со некаква цел.
Англиски: leave Албански:
Примери:
Тој го остави месото, само компирите ги изеде.
Девојчето остави четири бонбони за брат му.
5. За некое определено време.
Англиски: let Албански: lë, jap
Примери:
Учителот им остави десет минути време решавање на тестот.
6. По својата смрт или заминување предаде во наследство, остави завет, порака; воопшто предаде на располагање.
Англиски: inherit Албански: lë, trashëgoj
Примери:
Познатата филмска ѕвезда им го остави целото наследство на двете ќерки.
Тој им остави голем имот на децата по неговата смрт.
7. Предизвика нешто, стане причина за појавата на нешто; трага, впечаток и сл.
Англиски: let Албански:
Примери:
Крадците не оставиле никаква трага зад себе.
Војската остави пустош по себе.
8. Не измени дадена состојба.
Англиски: remain Албански:
Примери:
Ги исекоа сите дрвја, само багремот го оставија.
Децата влегоа и ја оставија вратата отворена.
9. Не земе под внимание, не се грижи.
Албански:
Примери:
Bашите молби ги разгледав, неговата ја оставив.
Медицинската сестра ги зеде сите книшки, само мојата ја остави.
10. Престане да се грижи.
Албански: lë, braktis
Примери:
Тој ги остави сами своите родители зашто не можеше веќе финансиски да излезе на крај.
Децата од нашата улица го оставија кучето поради заразната болест што ја имаше.
11. не задева
Албански:
Примери:
Не задевај ги децата, остави ги, не можам да ги слушам.
Остави ја мајка ти намира, нека се одмори.
12. Не даде, не приготви, не изврши нешто што требало да биде.
Албански:
Примери:
Мајка ти нè остави без ручек.
Татко му го остави без ролери за роденденот.
13. Престане со одредена работа, напушти.
Албански: lë, braktis
Примери:
Ќерка му ја остави таа работа, фати друга.
14. За жена / маж се разведе.
Англиски: divorce Албански: lë, ndaj
Примери:
Си ги собра работите и го остави мажот.
Стојан ја остави и втората жена и сега пак почна да пие.
15. Препушти нешто на некого.
Албански: lë, trashëgoj
Примери:
Сè ти оставам тебе, целата моја работа.
Синко, ти го оставам занаетот, тој вреди злато.
16. Не прави нешто повеќе, се откаже.
Албански: lë, braktis
Примери:
Татко му ги остави цигарите, еве веќе една година.
Еве веќе цела година како го остави пиењето.
17. Одложи за понатаму.
Англиски: postpone Албански: lë, shtyj
Примери:
Браќата не ја довршија работата, се стемни и затоа ја оставија за утре.
Ја оставија куќата недоправена.
18. Се оддалечи од нешто или од некого.
Англиски: depart Албански: lë, largohem
Примери:
И двајцата брзавме, но јас го оставив него далеку зад мене.
Го оставивме селото далеку зад нас.
19. Пушти да расте брада, коса.
Англиски: grow Албански:
Примери:
Тој ја избричи брадата, а мустаќите ги остави.
Девојчето ја остави косата да ѝ расте.
20. Направи впечаток.
Англиски: impress Албански: lë përshtypje
Примери:
Таа девојка ми остави впечаток.
21. (во императив) немој
Англиски: don't Албански: lëre, mos
Примери:
Остави го компјутерот да работи, не се исклучува секоја минута.
Остави го часовникот да доѕвони, па потоа навиј го одново.
22. (се остави) За маж / жена – се разведе.
Англиски: divorce Албански: lë, ndaj
Примери:
Тој се остави со жената минатиот месец.
Неговите родители се оставија пред десет години.
Изрази
Остави некого на пол пат (среде во калта, на цедило) - го изневери; не заврши работа за некого и сл.
Го остави на место - го отепа, го убие.
Тука ќе те оставам - закана.
Остави настрана - заштеди.
Не остави ни камен на камен - уништи, разурне.
Да го оставиме тоа настрана - да не расправаме за тоа.
Што можеш за денес, не оставај за утре (посл.).
FlexiMac
 менување на македонски глаголи