а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

особен

особениот
Вид збор: Придавка
1. Што се изделува од другите, што се истакнува меѓу другите.
Англиски: special Албански: i veçantë
Примери:
Тоа е од особена важност.
Покажува особен интерес.
Со особено задоволство се потсетуваме на тие настани.
2. необичен, чуден
Англиски: particular Албански: i veçantë, i çuditshëm
Примери:
Имаше некој особен поглед.
Особени луѓе.
3. специјален, посебен
Англиски: special Албански: i veçantë
Примери:
Немам особени причини да не ја прифатам поканата.
Учебната година помина без особени забележителности.
4. Личен, својствен, карактеристичен за некого, или за нешто.
Англиски: particular Албански: i veçantë
Примери:
Тој си има свое особено мислење.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи