а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

основа

мн. основи
Вид збор: Именка, женски род
1. Дел од предмет на кој се крепат другите негови делови.
Англиски: foundation Албански: bazë, themel
Примери:
Зградата има добра основа.
2. Во ткаење - надолжните нишки на кои се става јатокот.
3. Основна боја на која се ставаат други бои.
Англиски: primary color Албански: ngjyra primare
Примери:
На бела основа извезе цветови во неколку бои.
4. Причина, повод за нешто, за некаква пресметка, за некакво дејство.
Англиски: cause Албански: arsye
Примери:
Немаш основа да се сомневаат во веродостојноста на податоците.
Основа за пресметка на данок.
5. Јадро на нешто врз кое се надоградува, се поставува, се развива нешто.
Англиски: core Албански: bërthamë
Примери:
Планот е добра основа за понатамошна работа.
6. Излезни, главни поставки на една наука.
Англиски: basic Албански: baza
Примери:
Основи на информатиката.
7. Дел од зборот што обично не се менува на кој се додаваат наставки.
Англиски: base Албански: rrënjë
Употреба: Граматика
8. Долната страна на геометриска слика или тело.
Англиски: ground Албански: baza
Употреба: Математика
Примери:
Основа на триаголник.
Основа на пирамида.
9. база
Англиски: base Албански: bazë
Употреба: Хемија
10. Цртеж, план, хоризонтална проекција на некој објект.
Англиски: outline Албански: në bazë të
Употреба: Архитектура и градба
Изрази
Врз основа на - ако се има предвид тоа на кое се упатува, врз кое се темели, се базира нешто.
Положи основа - стави темел, започне, основа нешто.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи