а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оснажува

оснажуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Дава сила, енергија, прави посилен.
Англиски: empower
Примери:
Телото се оснажува од здравата храна.
Патот кон мудроста не изморува, напротив, тој оснажува и инспирира да се оди напред.
Верува дека на тој начин ги оснажува и храбри.
Женската фотографија со својата креативност, ја облагородува и ја оснажува македонската фотографија, естетски ја прави побогата со идеја.
2. Потврдува, заверува, прави полноважен.
Англиски: empower
Примери:
Без знаење нема искуство, а искуството го оснажува знаењето.
Врховната инвалидска комисија ги оснажува, поништува или преправува решенијата.
Изведенки
оснажување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи