а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ослаби

ослабат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стане физички слаб.
Англиски: weaken, reduce weight Албански: dobsua
Примери:
Јас пак, за тие дваесет дена, колку што седев во болницата, исто толку кила ослабев.
Немаше доволно храна и децата ослабеа.
Тој ослабе и лицето му доби некаков тажен израз.
2. Му се намали јачина, острина на некој осет (вид, слух).
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Примери:
На дедо ми му ослабе видот последниве две години.
Му ослабе слухот.
3. Се намали степенот на некое чувство (љубов, тага).
Англиски: decrease Албански: pikëllohet
Примери:
Љубовта со време ослабе.
Тагата за родното место никогаш не ослабе.
4. попушти, олабави
Англиски: worsen Албански: lirua
Примери:
Од невремето телефонските врски ослабеа.
5. Направи некого или нешто да стане слабо.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Примери:
Операцијата го ослаби многу и тој тешко закрепнуваше.
Долгогодишните борби ги ослабија и двата противника.
Изведенки
1. ослабува несв.
ослабуваат
2. ослабување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи