а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

осигури

осигурат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да биде сигурно, зацврсти, заштити.
Англиски: secure Албански: siguroj
Примери:
Војската го осигури мостот за премин.
2. Заштити некого од опасност.
Англиски: protect Албански: mbroj
Примери:
Обезбедувањето го осигури поминувањето на претседателот.
3. Направи нешто да стане реално, оствари нешто.
Англиски: ensure Албански: siguroj, garantoj
Примери:
Осигури успех.
Осигури победа.
Осигури продажба.
4. снабди, набави
Англиски: secure Албански: siguroj
Примери:
Таа си осигури индекс на Филолошкиот факултет.
осигури огрев, осигури храна
5. Снабди, обезбеди некого со неопходни средства (за работа, за живот).
Англиски: secure Албански: siguroj, furnizoj
Примери:
Родителите му ја осигурија иднината на својот син.
6. Склучи договор за осигурување (куќа, автомобил, имот, живот).
Англиски: insure Албански: bëj kontratë sigurimi
Употреба: Економија
Примери:
Тој ја осигури куќата во осигурителното друштво „Вардар“.
7. (се осигури) Се заштити од нешто.
Англиски: secure Албански: sigurohem
Примери:
Нашиот одред се осигури од ненадеен напад оваа ноќ.
8. (се осигури) се снабди, се обезбеди
Англиски: secure Албански: sigurohem
Примери:
Моите родители се осигурија со храна за еден месец.
9. (се осигури) Стане сигурен во нешто.
Англиски: ensure Албански: sigurohem
Примери:
Девојчето се осигури дека во куќата нема никој и влезе.
10. (се осигури) Склучи осигурување.
Англиски: insure Албански: sigurohem
Примери:
Јас се осигурив од несреќа во осигурителното друштво „Македонија“ на една година.
Изведенки
осигурува несв.
(се) осигуруваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи