а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

осети

осетат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почувствува нешто.
Англиски: sense Албански: ndjej
Примери:
Стојан ја осети земјата под нозете.
Таа осети празнина во душата.
Тој осети дека му е потребна помош.
2. Досети, насети нешто.
Англиски: sense Албански: ndjej, parandjej
Примери:
Таа осети дека тој ден ќе ѝ се случи нешто лошо.
3. (се осети) се почувствува
Англиски: feel Албански: ndjehet
Примери:
Тогаш се осетив силен.
Стариот се осети слаб.
4. (се осети) се насети, се предосети
Англиски: sense Албански: ndjej
Употреба: Безлично
Примери:
Уште пред да почнат демонстрациите, се осети атмосфера на напнатост.
Во воздухот се осети дека ќе има дожд.
Изведенки
1. осеќа несв.
(се) осеќаат
Пример: Во оваа книга се осеќа неговото созревање како личност.
2. осетува несв.
(се) осетуваат
3. осетување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи