а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

освен

Вид збор: Сврзник
1. Како исклучен, ексклузивен, обично делот пред сврзникот е негиран, потоа следува информација за спротивност по исклучок; самостојно, при поврзување на дел што е спротивен од претходниот.
Англиски: except
Примери:
Ова не е ништо друго, освен тивко умирање на совеста.
Ова не е ништо од она што предвидовме, оcвен парада на лажна скромност.
2. Во состав со други сврзници за да се претстави нешто што е поинакво или спротивно по исклучок: освен ако, освен да, освен кога, освен што.
Англиски: except
Примери:
Тие не можат да победат, освен ако се случи чудо.
Тој ништо не ми може, освен да зборува дека има врз мене некаква моќ.
Тој нема храброст да зборува, освен кога е сам, си кажува нешто неповрзано.
Ништо не му побарав, освен што го замолив да престане да ми бара услуги.
3. Во состави со предлози: освен во, освен да, освен за, освен на и сл.
Англиски: except
Примери:
Тие работат секој ден, освен во недела.
Ова важи за сите, освен за неа.
Таа не му кажа никому, освен на Марко.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи