а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

осамне

осамна
Вид збор: Глагол, свршен
1. (само во 3. л. едн.) обзори, зазори, се раздени
Англиски: brighten Албански: shndrit, agon
Примери:
Осамна, а јаc дури тогаш сум заспал.
Денот осамна сончев.
2. Се појави на разденување.
Англиски: appear Албански: shfaqet në agim
Примери:
Градот осамна со испишани пароли по ѕидовите на куќите.
3. Затекне некого зора, осамнување.
Албански: zë mëngjesi, zë sabahu
Примери:
Ме осамна, а јас уште не сум заспал.
4. (се осамне) се зазори, се раздени
Албански: agon, zbardh
Примери:
Одамна се осамнало.
Изрази
Да не те стемни пред да осамнеш! - закана.
Да те стемни, да не те осамне - клетва.
Изведенки
1. осамнува несв.
осамнуваат
(безл.)
2. осамнување ср.
мн. осамнувања
глаг. им.
Пример: Многу осамнувања дочекал буден.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи