а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оружје

мн. оружја
Вид збор: Именка, среден род
1. Средство за одбрана или напад.
Англиски: weapon Албански: armë
Употреба: Воен термин
Примери:
лесно оружје
тешко оружје
атомско оружје
2. Средство за постигнување на некоја цел.
Англиски: mean
Употреба: Преносно значење
Примери:
Знаењето и искуството е неговото најсилно оружје.
Не избира оружје за да ја постигне својата цел.
Изрази
Се фати за оружје - поведе борба.
Ѕвечка со оружје - се заканува со војна.
Под оружје - наоружан.
Го положи оружјето - се предаде.
Студено (ладно) оружје - оружје без експлозивно полнење (сабја, нож, меч); спротивно од огнено оружје.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи