а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

орган

мн. органи
Вид збор: Именка, машки род
1. Дел од организмот со определена функција.
Англиски: organ Албански: organ
Употреба: Анатомија
Примери:
Органи за слушање.
Говорни органи.
Репродуктивни органи.
2. Установа со определени функции или лице вработено во неа како нејзин извршител.
Англиски: organ Албански: organ
Употреба: Административен термин
Примери:
Високата стручност мора да се запази во овој стручен надзорен орган.
3. Периодично печатено издание на некоја институција или организација.
Англиски: organ Албански: shtyp
Примери:
„Литературен збор“ е орган на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература.
4. оргула
Англиски: organ Албански: organ
Употреба: Музика и танц
FlexiMac
 менување на македонски глаголи