а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

организира

организираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Подготви, подготвува или приреди, приредува нешто.
Англиски: organize Албански: organizoj
Примери:
Јас велам да организираме бегање од оваа пустина.
Студентите организираа бруцошка вечер.
2. Опфати, опфаќа, обедини, обединува група луѓе во една целина, во една организација.
Англиски: organize Албански: organizon
Примери:
Таа дури организира жени.
3. Формира, основа, образува нешто.
Англиски: create Албански: krijon
Примери:
Тие веќе организираа власт.
Треба да се организира некој род војска.
4. Среди, средува нешто, подреди, подредува нешто, внесе ред во нешто.
Англиски: organize Албански: rregullon
Примери:
Тој убаво ја организира работата во библиотеката.
5. (се организира) Се здружи, се здружува, се обедини, се обединува со некаква заедничка цел, се зачлени, се зачленува во некоја организација.
Англиски: join Албански: bashkohet
Примери:
Тие се организирале во здруженија на граѓани како невладина организација.
Изведенки
1. организирање ср.
глаг. им.
2. организирачки прид.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи