а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

организација

мн. организации
Вид збор: Именка, женски род
1. (едн.) Активности за подготовка на нешто (приредба, конференција), средување или основање нешто.
Англиски: organization Албански: organizatë
Примери:
Организацијата на фестивалот ја раководи секретарот.
2. (едн.) Плански и добро спроведени активности за остварување некоја замисла или акција.
Англиски: organization Албански: organizim
Примери:
Организацијата на приредбата беше одлична.
3. (едн.) Систем, начин на спроведување на некои активности.
Англиски: organization Албански: organizatë
Употреба: Административен термин
Примери:
Воведовме нова организација на работата.
4. Група луѓе, институции или држави здружени со заеднички цели и интереси.
Англиски: institution Албански: institucion
Примери:
Студентска организација.
Организација на обединетите нации.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи