а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

општ

општи
Вид збор: Придавка
1. Што им е својствен на cите, што се однесува на cите.
Англиски: common Албански: i pëprgjithshëm
Примери:
Објавија општа мобилизација.
Општата среќа е наша цел.
општа корист
општо мнение
општа оценка
2. Што им припаѓа на сите, заеднички, колективен.
Англиски: common Албански: i pëprgjithshëm, i përbashkët
Примери:
Се грижи за општиот интерес на државата.
Има ред општи проблеми и интереси.
Општ глаголски дел (корен).
3. Целосен, што се однесува на сѐ од една област.
Англиски: general Албански: i pëprgjithshëm
Примери:
Тоа е време на општа економска криза во светот.
Настана општа смеа.
општа караница
општа историја
општа типолошка граматика
4. Што се однесува на основите на нешто без навлегување во посебни и специјални прашања.
Англиски: general Албански: i pëprgjithshëm
Примери:
Општото полјоделство е основа за правилно изучување на материјата од специјалното полјоделство.
Општиот лекар ме испрати на специјалистички преглед.
Ги изнаоѓаат општите и специфичните карактеристики.
5. Што го содржи само најважното, што е површен и без детали.
Англиски: general Албански: i pëprgjithshëm
Примери:
Да искажеме само некои сосем општи забелешки.
Ќе се задоволиме со набележување некои општи линии.
Авторот дава само општи податоци.
Проблемот го изложи нешто во општи црти.
Изрази
Наоѓа општ јазик со некого - се разбира со некого.
Во општи црти - на кратко, без детали.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи