а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оптовари

оптоварат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави повеќе товар за носење.
Англиски: load Албански: ngarkoj
2. Стави поголем товар, тежина врз нешто поради некоја потреба (да се исправи, да се залепи, да се испроба итн.
Англиски: burden Албански: ngarkoj
3. Зададе некому многу обврски, задолженија, грижи.
Англиски: burden Албански: ngarkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го оптоварија со премногу часови.
Некои решенија му ја оптоварија совеста.
4. Обремени со премногу работи, направи да стане преобемен.
Англиски: burden Албански: ngarkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Програмата ја оптоварија со многу предмети.
5. Финансиски задолжи.
Англиски: burden Албански: ngarkoj, rëndoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја оптоварија фирмата со многу кредити.
Изведенки
1. оптоварува несв.
оптоваруваат
2. оптоварување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи