а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опсипе

опсипат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Покрие, посипе некаква површина со нешто; покрие, посипе некого или нешто од сите страни.
Англиски: cover Албански: kaploj, mbuloj
Примери:
Виулицата ми го опсипа лицето со снегулки.
Непријателот не опсипа со оган од сите страни.
Тестото го опсипа со брашно и почна да сука.
Градот го опсипа благата светлина на месечината.
2. Даде, упати некому нешто во голема мера, во изобилие; натрупа некого со нешто.
Англиски: cover Албански: ngarkoj
Примери:
Таа го опсипа со подароци и бакнежи.
Веднаш штом влезе, таа го опсипа со прашања и префрлања.
3. (се опсипе) Се појави во голем број.
Англиски: overwhelm Албански: mbuloj, mbush
Примери:
Кожата ни се опсипа со пликови.
Изведенки
1. опсипува несв.
(се) опсипуваат
2. опсипување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи