а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опсервација

мн. опсервации
Вид збор: Именка, женски род
1. набљудување, проследување, испитување
Англиски: observation Албански: observim
Примери:
Опсервацијата му помага да ги запознае луѓето и општеството воопшто и да ги анализира што подобро.
2. Искуство стекнато преку набљудување.
Англиски: observation Албански: observim
Примери:
Пословиците се создаваат како општи извори од животните опсервации на широките народни маси.
3. забелешка, напомена
Англиски: remark Албански: vërejtje, observim
Примери:
Критички опсервации.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи