а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опре

опрат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Потпре, облегне на некого или на нешто.
Англиски: support Албански: mbështetem
Примери:
Тој си ја опре главата на рацете.
Го опре товарот на оградата.
2. (се опре) Се потпре, се облегне на некого или на нешто.
Албански: mbështetem
Примери:
Таа се опре до вратата.
Опри се на мене дури да земеш сила.
3. (се опре) Се поткрепи, се подржи, се помогне од некого.
Англиски: rely Албански: mbështetem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Најпосле се најде човек на кого може да се опре.
Само опрете се на мене и бидете без грижа.
4. (се опре) се спротивстави
Англиски: oppose Албански: kundërvihet
Примери:
Ако го гледаш слабо, никој не може да му се опре.
Изведенки
1. опира несв.
(се) опираат
2. опирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи