а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

определи

определат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Точно установи, утврди нешто.
Англиски: determine Албански: përcaktoj, determinoj
Примери:
Овчарот точно можеше да определи од која страна доаѓа звукот на ѕвонецот.
Карактерот на збирката е определен во предговорот.
Тој не можеше да определи точно, каков е неговиот став.
2. Пресмета, утврди број, количеcтво.
Англиски: determine Албански: caktoj
Примери:
Комисијата ја определи најниската откупна цена.
3. одлучи, реши
Англиски: determine Албански: vendos
Примери:
Чекаа учителот да определи кој во кое одделение ќе учи.
Таа остави јас да го определам местото на средбата.
4. набележи, назначи
Англиски: determine Албански: përcaktoj, vendos
Примери:
Тој влез е определен како службен.
Во салата беше точно определено кој каде ќе седи.
5. Избере, назначи на должност.
Англиски: determine Албански: caktoj
Примери:
Кажете дека сè уште не сум го определил заменикот.
6. обуслови
Англиски: determine Албански: përcaktoj, determinoj
Примери:
Самите услови го определија начинот на работа.
7. Установи, додели, даде некому нешто - награда, задача и сл.
Англиски: determine Албански: caktoj, jap
Примери:
Комисијата ми ја определи наградата за најдобар расказ.
Секому му ја определи работата што требаше да ја заврши.
8. (се определи) Се одлучи, се реши за некого или нешто, заземе став за нешто.
Англиски: determine Албански: përcaktohem
Примери:
Само од тебе зависи за што ќе се определиш.
Треба да се определиш на чија страна си.
Изведенки
1. определува несв.
(се) определуваат
2. определување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи