а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

определен

определени
Вид збор: Придавка
1. Што е точно установен, утврден; што е точно насочен.
Англиски: determined
Примери:
Определениот рок за запишување на факултет беше изминат.
Определено движење.
2. јасен, оформен, сигурен
Англиски: fixed
Примери:
Тој нема определен став по тоа прашање.
Тој патуваше со определена цел.
3. Што не е директно искажан, извесен, некој, некаков.
Англиски: specific
Примери:
На определени прашања тој немаше, одговор.
Тоа може да се совлада со определен напор.
Изведенки
определено прил.
Одредено, јасно, недвосмислено.
Пример: Многу определено кажуваше за настаните од таа ноќ.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи