а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оправдан

оправданиот
Вид збор: Придавка
1. Што е основан, исправен, точен.
Англиски: justified
Примери:
Оправдан приговор.
Се покажа дека неговиот страв беше оправдан.
Мојата непромислена постапка е оправдана.
Беше обземена од силен и оправдан гнев.
2. Што е ослободен од вина.
Англиски: innocent
Употреба: Правда
Примери:
Вие гласате обвинетиот да биде оправдан?
3. Што може да се оправда, што има оправдување.
Англиски: founded
Примери:
Тој од оправдани причини не можеше да дојде.
Оправдан изостанок.
Изведенки
1. оправдано прил.
Основано, со причина.
Пример: Тој сосема оправдано се побуни.
2. оправданост ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи