а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опинок

мн. опинци
Вид збор: Именка, машки род
1. (обично во мн.) Лесна, селска обувка обично од кожа или гума, која се стега околу ногата со ремчиња, опута и сл.
Англиски: moccasin Албански: opingë
Примери:
Тој започна да ги собува гумените опинци.
2. (само едн.) Сиромав човек.
Англиски: prole Албански: varfënjak
Употреба: Пејоратив , Разговорно
Изрази
Ќе му ги земе опинците - не може ништо да му земе, нема што да му земе.
Ќе ми ги јаде опинците - ништо не ми може.
Железни опинци ќе искине (ќе обуе) - голема упорност ќе покаже во нешто.
Изведенки
1. опинче ср.
мн. опинчиња
дем.
2. опинчиште ср.
мн. опинчишта
аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи