а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опие

опијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Доведе некого во пијана состојба со алкохолна пијачка.
Англиски: make drunk Албански: deh
Примери:
Постојано му ја полнеше чашата, како да сака да го опие.
2. За алкохолна пијачка - содржи состојки што предизвикуваат пијана состојба.
Англиски: make drunk Албански: deh
Примери:
Старото вино брзо го опи.
3. Плени со своите особини.
Англиски: attract Албански: tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ех, толку ме имаше опиено учителот.
Ме опи свежината на есенското утро.
4. Успие со наркоза.
Англиски: put to sleep Албански: vë në gjum
Употреба: Медицина
5. (се опие) Се доведе во пијана состојба со консумирање алкохолна пијачка.
Англиски: get drunk Албански: deh
Примери:
Пред него стои шише ракија, го донесе да се опие.
Вистина сношти се опи до бесвест.
6. (се опие) Се занесе, се замае.
Англиски: get attracted Албански: kënaq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Долго ја гледаше, се опи од нејзината убавина.
Изведенки
1. опива несв.
(се) опиваат
2. опивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи