а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оперативен

оперативниот
Вид збор: Придавка
1. Што се изведува со хируршка операција.
Англиски: surgical Албански: kirurgjik
Употреба: Медицина
Примери:
оперативен зафат
2. Што подлежи на извршување, што е определен за практично извршување.
Англиски: operational Албански: operativ
Употреба: Административен термин
Примери:
оперативна задача
3. Што е определен за извршување воено дејствие, операција.
Англиски: operational Албански: operativ
Употреба: Воен термин
Примери:
оперативен штаб
оперативен одред
4. Што е способен, што умее да ги извршува практичните задачи.
Англиски: practical Албански: operativ
Примери:
оперативен човек
Изрази
Оперативна зона - дел од фронтот на кој се одвиваат воени дејствија.
Оперативен план - план за извршување на определена задача.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи