а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опаше

опашат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Обвие појас околу половината.
Англиски: girdle Албански: mbështjell
Примери:
На крајот го опаша аловиот појас околу половината.
2. Заврзе нешто околу половината, околу појасот.
Англиски: girdle Албански: mbështjell
Примери:
Таа опаша нова фута и облече ново гунче.
3. Загради нешто од cите страни.
Англиски: surround Албански: rethoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бавчата беше доста голема и опашана со високи камени ѕидишта.
4. Удри некого со ремен, камшик и сл.
Англиски: whip Албански: rrëmbej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Силно го опаша со ременот по грбот.
5. стегне, опфати
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Примери:
Ги опаша рацете околу неговите гради и го бакна.
6. (се опаше) Стави на себе појас.
Англиски: girdle Албански: mbështjell
Примери:
Татко му се опаша четирипати со појасот.
7. (се опаше) Се обвие со нешто околу половината.
Англиски: girdle Албански: mbështjell
Примери:
Се опаша со јажето.
Изведенки
1. опашува несв.
(се) опашуваат
2. опашување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи