а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

онака

Вид збор: Прилог
1. На онаков начин, на оној начин.
Англиски: so
Примери:
Гласај онака, како свеста што ти наложува.
Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека е најарно.
2. При споредување - на ист начин, во иста мера.
Англиски: so
Примери:
Но, онака како што тие те сметаа тебе недостоен за своите тајни, така и ти ги сметаше за недостојни.
3. И без тоа, и покрај тоа, инаку.
Примери:
И онака не знам што точно се случило.
Тој и онака не е толку важен за нас.
4. Без причина, без некаква цел; безволно, по навика, механички.
Англиски: so
Примери:
Не бараат заклон, бегаат онака.
Пее не само онака, да се слуша викање, туку со чувство, како школуван пејач.
Помислив онака, ме насмеа, но оттогаш мислата ме давеше.
Изрази
Вака-онака - секако.
И вака и онака - како било, како и да е.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи