а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оловен

оловниот
Вид збор: Придавка
1. Што содржи олово.
Англиски: leaden Албански: me plumb
Примери:
оловна руда
2. Што е направен, изработен од олово.
Англиски: leaden Албански: plumbi, prej plumbi
Примери:
оловни војничиња
оловно зрно
3. Што е тежок како олово, што има боја на олово.
Англиски: leaden Албански: si plumb
Употреба: Преносно значење
Примери:
оловен облак
Одеше со ретки, оловни чекори.
Чистото синило се претвори во оловно.
4. Како составен дел на синтагми во називи на хемиски легури; означува дека оловото е составен дел на таа легура.
Англиски: leaden Албански: plumbi
Употреба: Хемија
Примери:
оловни легури
FlexiMac
 менување на македонски глаголи