а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

окце

мн. окца
Вид збор: Именка, среден род
1. око
Англиски: eye Албански: syçkë
Употреба: Анатомија , Деминутив
2. Направа во вид на мало кружно прозорче што служи за ѕиркање низ врата.
Англиски: spy glass Албански: tejqyrë, sy dere
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Ѕирна преку окцето да види кој доаѓа.
3. За компир - место од каде што про'ртува.
Албански: sythe patateje
Употреба: Ботаника
Примери:
Кога се сади компирот се сече на толку парчиња колку што има окца.
4. Пупка, место од каде што развиваат млади гранчиња.
Англиски: bud Албански: gonxhe
Употреба: Ботаника
Примери:
При калемење важно е колку окца има на гранката.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи