а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

око

мн. очи
Вид збор: Именка, среден род
1. Орган на сетилото за вид кај човекот и кај животните.
Англиски: eye Албански: syri
Употреба: Анатомија
Примери:
убави очи
црни очи
мали очи
2. Вид, способност за гледање.
Англиски: sight Албански: shikim
Примери:
слаби очи
добри очи
3. поглед, гледање
Англиски: view Албански: pamje
Примери:
Зеленилото се протегаше до каде што стасуваа очите.
4. Способност за забележување.
Англиски: eye Албански: vështroj
Примери:
Тој има око и за најситните детали.
5. надзор, надгледување
Англиски: watch Албански: mbikëqyr
Примери:
Под неговото будно око работата течеше како што треба.
Изрази
Око за око, заб за заб - одмазда за сторено злосторство со иста мера.
Не сака ни очите да му ги види - нетрпеливост, отпор кон некого.
Очите си ги вадат - непријателски се расположени еден кон друг.
Очите си ги вадат - води љубов со некого.
Око не затвори - воопшто не заспа.
Фрли око (на некого/нешто) - сака нешто да добие; засака, бендиса.
Око соколово - остар вид.
На око - навидум.
Со голо око - без користење помошни инструменти, направи.
Гледа под око - тајно набљудува.
Гледа/чува некого како очите во главата - грижливо се однесува кон некого.
Трн во око (некому) - пречи (некому).
Земе (некого) на око - постојано е против некого.
Те/го... лажат очите - погрешно согледува, заклучува.
Боде очи - отскокнува, се изделува.
Му играат очите - итар, ѓаволест.
Паѓа в очи - се наметнува, многу е уочлив.
Не може да го погледне в очи - срам од некого поради погрешна постапка.
Во четири очи - насамо, доверливо.
Држи на око (некого) - следи некого.
Во очи - директно.
Прст пред око не се гледа - за многу темно.
Прст пред око не се гледа - за густа магла.
Жими / жити очи (клетва).
Ми се плаши окото - вознемирен сум од нешто, претчувствувам опасност.
(посл.) Далеку од очи, далеку од срце.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи