а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

окорави

(се) окорават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Фати кора, се покрие со кора.
Англиски: encrust Албански: zë kore
Примери:
Изгребаното колено брзо се окорави и зарасна.
2. Затврдне, се стврдне, стане како кора.
Англиски: encrust Албански: forcohet, zë kore
Примери:
Бојата се окоравила, повеќе не е за употреба.
3. Стане нечувствителен.
Англиски: dull Албански: i pandjeshëm
Примери:
Изгледаше како свесно да окорави за некои работи.
Изведенки
1. окоравува несв.
(се) окоравуваат
2. окоравување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи