а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

околу

Вид збор: Предлог
1. Со пространствено значење - опкружување, заобиколување на некого или нешто.
Англиски: around
Примери:
Децата испоседнаа околу учителот.
Околу куќата ќе насадам жива ограда.
2. Приближна временска определба.
Англиски: about
Примери:
Штрајкувачите се разотидоа околу пладне.
Почна силно да дува околу полноќ.
3. Количинска приближност.
Англиски: around
Примери:
Годинава треба да наберам околу три тони јаболка.
На гости останавме околу дваесет дена.
4. Со причинско значење.
Англиски: about
Примери:
Се разви жива дискусија околу човековите права.
Браќата се скарале околу поделбата на имотот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи