а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

озгора

Вид збор: Прилог
1. Од горната страна.
Англиски: above
Примери:
Озгора колачот се посипува со шеќер во прав.
2. Од повисоко место, од повисока положба со правец надолу.
Англиски: above
Примери:
Тој озгора гледаше сѐ што се случува.
3. Од север, од северни краишта, места и сл.
Англиски: northerly
Примери:
Доселеници доаѓаа озгора кај нас на југ.
4. За некоја мера повеќе, уште кон определеното.
Англиски: additionaly
Примери:
Му беше редовен муштерија, па му даваше секогаш и нешто озгора.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи