а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одржи

одржат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Зачува, сочува нешто во иста состојба.
Англиски: sustain Албански: ruaj
Примери:
Го одржа имотот и покрај лошите времиња.
2. Спроведе, изврши, организира состанок, седница, заседание итн.
Англиски: hold Албански: mbajti
Примери:
Одржа предавање.
3. Остане доследен на даден збор, исполни ветување.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Таа дојде, го одржа зборот.
4. (се одржи) Се зачува, се сочува во иста состојба.
Англиски: preserve Албански: ruaj
5. (се одржи) Се спроведе, се изврши нешто.
Англиски: hold Албански: mbaj
Примери:
Собирот се одржа во амфитеатарот.
6. (се одржи) Достои во нешто, се дочува.
Англиски: keep Албански: mbahet
Примери:
Пријателството се одржа и покрај влијанијата отстрана.
Изрази
Одржи час / предавање - настапи како предавач пред слушатели.
Изведенки
1. одржува несв.
(се) одржуваат
2. одржување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи