а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одреди

одредат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Утврди, установи нешто, во некој однос (по број, големина, тежина, квалитет).
Англиски: determine Албански: caktoj, përcaktoj
Примери:
Злосторникот го фатија, но му одредија мала казна.
Јадењето беше блуткаво, не можеше да му го одреди вкусот.
2. Пропише, донесе решение, одлука, закон и сл.
Англиски: determine Албански: përcaktoj
Примери:
Работното време ќе се одреди со Правилникот.
Привремената власт одреди полициски час.
3. Одбере, избере, намени за нешто.
Англиски: determine Албански: caktoj, përcaktoj
Примери:
Треба да одредат и негов заменик.
Одредија термин за свадба.
Изведенки
1. одредува несв.
одредуваат
2. одредување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи