а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одовде

Вид збор: Прилог
1. Од ова место, од местото на зборување.
Англиски: from here Албански: së këndejmi, së këtejmi
Примери:
Одовде до поштата има петстотини метри.
Одовде до таму има десет минути одење.
2. Од ова место, од местото на живеење.
Англиски: from here Албански: këtej, së këndejmi
Примери:
Тој е дојденец, не е одовде.
3. Од оваа страна, од страната на лицето што зборува.
Англиски: from here Албански: këtej
Примери:
Помини одовдека, пошироко е.
4. Од овој момент; од сега.
Англиски: from now Албански: që tani
Примери:
Одовде почнува нов период.
5. Од ова што е кажано, изложено.
Албански: nga kjo
Примери:
Одовде лесно може да се изведе заклучок.
Изведенки
одовдека прил.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи