а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

однос

мн. односи
Вид збор: Именка, машки род
1. Став, држење, начин на однесување кон некого или кон нешто.
Англиски: attitude Албански: marrëdhënie
Примери:
правилен однос кон работата
оптимистички однос кон животот
здрав однос кон храната
2. Положба, релација на еден наспроти друг, заемност, поврзаност на луѓе.
Англиски: relation Албански: pozitë
Примери:
однос меѓу работодавачот и работникот
3. Заемна врска меѓу два предмета, појави или различни, спротивни величини.
Англиски: relation Албански: lidhje
Примери:
односот увоз извоз
односот на приходите и расходите
4. (обично во мн.) Врска меѓу луѓе, појави, состојби.
Англиски: relationship Албански: marrëdhënie
Примери:
национални односи
пријателски односи
деловни односи
демократски односи
капиталистички односи
Изрази
Брачен однос - брак.
Работен однос - однос меѓу работникот и работодавецот.
Полов однос - полов акт.
Во однос на, во тој / таков однос - што се однесува на.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи