а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одмине

одминат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Помине покрај некого или нешто без задржување.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Автобусот не застана, ги одмина.
Одмини ја првата улица и заврти во втората одлево.
За среќа најлошото нѐ одмина.
2. Избегне, не обрне внимание на некого или на нешто.
Англиски: avoid Албански: shmang, largoj
Примери:
Соседите го одминаа, не го поздравија.
3. (се одмине) Се размине без да се сретне.
Англиски: miss Албански: kaloj pa u takua
Примери:
Вчера сме се одминале, јас бев кај тебе, а ти само што си излегол.
Погледите за малку им се одминаа.
Изведенки
1. одминува несв.
(се) одминуваат
2. одминување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи