а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одземање

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
1. (глаг. им.) одзема
Англиски: take away Албански: marrje, konfiskim
Примери:
Одземање на оружјето.
Насилно одземање.
2. Математичка операција при којашто вредноста на еден број се намалува за вредноста на друг број.
Англиски: subtraction Албански: zbritje
Употреба: Математика
Примери:
Најпрвин се врши множење и делење, а потоа собирање и одземање.
3. Намалување број на котелци при плетење.
Англиски: reduction Албански: heqje, zvoglim
Примери:
Одземањето ќе започне под мишките.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи