а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одере

одерат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Симне, отстрани кожа од животно.
Англиски: skin Албански: rrjep
Примери:
Месарот вешто го одра јагнето.
2. Оштети површина на кожата.
Англиски: scratch Албански: gërvisht
Примери:
Трчајќи детето падна и го одра коленото.
3. Ограби со продавање по премногу висока цена, со камата и сл.
Англиски: rob Албански: vjedh, grabit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бев на сервис за автомобилот, ме одраа.
За тој кредит кожата му ја одраа.
Изведенки
1. одерува несв.
одеруваат
2. одерување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи