а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оддел

мн. оддели
Вид збор: Именка, машки род
1. Составен дел од организација, институција, установа.
Англиски: department Албански: sekcion
Примери:
Хируршки оддел.
Одделот за образование при Општината.
2. Дел, заглавие на книга, весник и сл.
Англиски: section Албански: pjesë, seksion
Примери:
Последниот оддел од трудот претставува сумирање на резултатите од истражувањето.
3. Гранка, дисциплина од поширока област што се одликува со посебни карактеристики.
Англиски: field Албански: fushë, disciplinë
Примери:
Оддел за генетика во рамките на биотехнологијата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи