а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оддели

одделат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Издели нешто настрана од нешто друго или дел од целина.
Англиски: divide Албански: ndan
Примери:
Му оддели една чинија од ручекот да касне кога ќе се врати.
2. раздели
Англиски: separate Албански: përçaj
Примери:
Сопствениците одвај ги одделија двете кучиња.
Кога ги одделија децата од родителите, некои од децата почнаа да плачат.
3. За син, ќерка - направи да стане посебно домаќинство.
Англиски: part Албански: pjesë
Примери:
Тој веднаш по свадбата го оддели синот.
4. (се оддели) Се издели од нешто.
Англиски: separate Албански: ndan
Примери:
Тој се дружеше со нас, но во последно време се оддели.
5. (се оддели) Направи посебно домаќинство.
Англиски: separate Албански: posaçërisht
Примери:
Најпрвин беа во заедница, но набрзо се одделија и двајцата браќа од родителите.
Изведенки
1. одделува несв.
(се) одделуваат
2. одделување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи