а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одговорност

мн. одговорности
Вид збор: Именка, женски род
1. Обврска за совесно и добро извршување на примената должност, работа, задача со прифаќање да се одговара за лошото извршување, грешките, неуспехот во тоа.
Англиски: responsibility Албански: përgjegjësi
Примери:
Морална одговорност.
Политичка одговорност.
Колективна одговорност.
Не прифати никакви одговорности.
2. Должност, обврска, примена важна задача.
Англиски: duty Албански: detyrë
Примери:
Тоа е негова одговорност.
3. Вина за направен престап, грешка во извршувањето на работата.
Англиски: responsibility Албански: përgjegjësi
Примери:
Таа ја призна одговорноста за стореното дело.
Тој ја префрли одговорноста на друг.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи