а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одглас

мн. одгласи
Вид збор: Именка, машки род
1. Одразен, повторен звук, глас.
Англиски: echo Албански: jehonë
Примери:
Слушна одглас на славеј.
Тишината ја нарушија одгласи на чекори.
2. Слаб звук, глас што доаѓа оддалеку.
Англиски: echo Албански: jehonë
Примери:
Низ шумата се разлеа одглас на кавал.
До нас допреа одгласи на пукање.
3. Реакција на нешто, одѕив, интерес.
Англиски: response Албански: jehonë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Книгата наиде на убав одглас.
Критички одгласи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи