а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одврти

одвртат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со вртење отвори нешто затворено, стегнато.
Англиски: untwist Албански: çrrotulloj, çliroj
Примери:
Тој ја одврти бомбата и ја фрли.
Го одврти чепот на бочвата и виното истече.
Водоводџијата ја одврти славината за вода.
2. Со вртење врати нешто во претходна состојба.
Англиски: turn back Албански: çliroj
Примери:
Тој ја одврти прегорената светилка.
3. За очи - извади, ископа.
Англиски: cut out Албански: nxjerr
Употреба: Народна поезија
Примери:
Му одврти црни очи.
4. (се одврти) Се одвинти, се отвори.
Англиски: loosen Албански: hapet, çilet, lirohet
Примери:
Не ја стегна добро завртката и капакот се одврти.
Изведенки
1. одвртува несв.
(се) одвртуваат
2. одвртување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи